Американскиот актер Бред Пит со години му дозволувал на својот 105-годишен сосед да живее бесплатно во неговиот поранешен имот во Лос Анџелес вреден 39 милиони долари.
Тоа го потврдила Касандра Петерсон во интервју за „People“, а истакнала како Пит бил многу љубезен кон својот сосед откако починала неговата сопруга.
„Бред беше многу љубезен кон својот сосед, особено откако неговата сопруга почина. Џон на крајот живеел на имотот на Бред, а Пит не му наплатил ништо и живеел таму до неговата смрт“, рекла Петерсон, која во 1994 година му го продала имотот на Пит.
Бред Пит пак, го продаде тој имот во март оваа година.