Груби: Искрени честитки по повод одбележувањето на меѓународен ден на Ромите

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод 8ми април- Меѓународниот ден на Ромите на сите сограѓани од ромската заедница упати искрени честитки.                                “Соживотот меѓу културните карактеристики на нашите народи и меѓусебното почитување се најголемите општествени вредности што ги поседуваме, а нивното зачувување и унапредување е неоспорна човечка обврска.  Имаме многу предизвици пред нас, но заедно можеме да ја реализираме заедничката визија за напредна иднина”, истакна Груби.