Дали е ова гол на сезоната во Премиер лигата?🎥


Луд викенд во фудбалска Европа! ↓↓↓


На натпреварот Вулвехемптон – Челзи беше постигнат еден од најубавите голови оваа сезона во Премиер лигата.

Матеус Нунес во 30-та минута постигна гол за водство на „волците“ од 1:0 и тоа на фантастичен начин.

Португалецот со полу-волеј од косо испрати проектив и го матираше Кепа, а овој гол сигурно ќе влезе во конкуренција за „гол на сезоната“ во Премиер лигата.