Убиство ја потресе Албанија: Девер ја застрелал снаата додека до неа спиело нејзиното дете

Стравично злосторство ја потресе Албанија, кога рано утрото во саботата четириесетгодишниот Роланд Синани со пиштол ја убил својата снаа Мигена Синани, мајка на две деца, додека таа спиела во својата соба, а потоа се застрелал во дворот на семејниот дом, пишува Нтв ал.

Албанската полиција го пронашла оружјето со кое е извршено убиството на неколку метри од сторителот, кој претходно се застрелал, што предизвикало сомнеж кај полицајците.

Подоцна било утврдено дека таткото на Роланд, инаку стар и склеротичен, во моментот кога синот се застрелал, отишол кај него, го зел пиштолот од неговата рака и го фрлил неколку метри од местото.

Инаку, пред убиството, мајката на Роланд го пресретнала со пиштол во раката и го замолила да го остави оружјето, а потоа отишла во собата и се подготвувала да легне кога ги слушнала истрелите. Слушнала крик и отишла во собата на својата снаа, каде покрај мртвата мајка го затекнала девојчето – својата внука, како плаче во шок.