Ѓукановиќ пред заминување: „Не можеме да погодиме дали Црна Гора ќе се движи кон ЕУ или кон српскиот свет“

Црногорскиот претседател во заминување Мило Ѓукановиќ, а сега веќе и поранешен лидер на ДПС, изјави дека одлуката за промени во врвот на партијата ја донел за да и помогнат на Црна Гора за достигнувањата кон кои се стреми, бидејќи, како што наведе, „Не можеме да погодиме дали Црна Гора ќе се движи кон ЕУ или кон српскиот свет“.

„Мојата одлука да поднесам оставка беше прифатена од главниот одбор на партијата, која го прифати и изборот на Данијел Живковиќ за претседател. ДПС роди нова генерација луѓе, кои ќе бидат столбот на идната влада. Еден од најистакнатите луѓе на таа генерација е Живковиќ и убеден сум дека направивме добар потег, кој ќе биде импулс за рехабилитација на довербата“, рече Ѓукановиќ во своето прво обраќање до јавноста по одржувањето на главниот одбор на ДПС ја прифати неговата оставка од лидерската функција во партијата.