Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, упати честитка до целата ромска заедница по повод Светскиот ден на Ромите, кој денеска се одбележува на 8 април.
Груби во честитката пишува дека соживотот меѓу нашите народи е најголемата вредност што ја поседуваме како држава, бидејќи само обединети можеме да ја реализираме визијата за напредна иднина.
Целосната објава:
На сите сограѓани од ромската заедница денеска им упатувам искрени честитки по повод одбележувањето на нивниот меѓународен ден.
Соживотот меѓу културните карактеристики на нашите народи и меѓусебното почитување се најголемите општествени вредности што ги поседуваме, а нивното зачувување и унапредување е неоспорна човечка обврска.
Имаме многу предизвици пред нас, но заедно можеме да ја реализираме заедничката визија за напредна иднина.