43-годишна жена е уапсена под сомнение за убиство, пренесува „БИЛД“.
Засега не се знае каков однос имала уапсената со децата, ниту дали е мајка или роднина.
Децата се на возраст од седум и девет години, соопштија од државното обвинителство и полицијата во Манхајм.
Причината за смртта на децата не е објавена, а властите наредија обдукција на двете тела.