Зошто Коридорот 8 и пречи на Левица?

Денеска во Собранието предлагачите го повлекоа законското решение односно измените на Законот за културно наследство кое овозможуваше олеснување во градењето на Коридорот 8 и Коридорот 10д на фирмата изведувач ако се наиде на место каде е можно да има архолошко наоѓалиште.

Пратеникот Арбер Адеми во име на предлагачите пратеници ја истакна потребата од носење на останатите осум законски измени кои на фирмата „Бехтел и Енка“ ќе ѝ ја ослеснат изградбата, но и ќе им бидат намалени давачките кон државата.

Пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса гласаа за потребата од носењето на законите, така што главно по 55 – 57 гласови ЗА имаше за секој предлог-закон. Против законските решенија беа двајцата пратениците од ЛДП, како и Маја Морачанин од ДОМ. Отсутна беше опозицијата, но која на почетокот ги изнесе своите забекешки. Потоа, со 60 гласови за и 5 против, беше утврден дневниот ред, а претседателот на Собранието Талат Џафери потоа ја прекина седницата зашто, како што рече, треба да се закажат седниците на работните тела, односно комисиите кои ќе расправаат по законските решенија. .

„Ве повикувам пратгеници од владејачкото мнозинство кои сметате дека се прави грешка со овие законски проекти да излезете од салата, така ќе нема кворум за работа и законите нема да може да се донесат“, рече Крмов од Левица.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го отфрли како неточно тврдењето на Крмов за кршење на Деловникот.

Пратеникот, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ истакна дека ова што се прави во Собранието е со единствена цел да се наштети на угледот на најголемиот инфраструктурен проект во последните 70 години во државата.

Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и еден од предлагачите, Арбер Адеми, одделно за секое законско решение излегуваше на говорница за да каже дека станува збор за решенија кои овозможуваат ефикасна изградба на коридорите и дека не станува збор за сложени законски изм