Партијата со сомнителна позадина, проруската Левица, предводена од Димитар Апасиев која на последните избори во Собранието обезбеди само две пратенички места, директно се спротивстави на законските измени на законите со кои се овозможува изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д.
Ова не е прв пат партијата на Апасиев да се спротивстави на проекти кои носат бенефит за граѓаните и државата, проекти кои ќе ја развијат економијата и ќе отворат нови работни места, проекти кои ќе ја поврзат земјата со земјите од регионот и пошироко.
Не само проектите, Апасиев и Левица директно се спротивставија и на членството на Северна Македонија во НАТО.
Повеќе од јасно е дека Левица и Апасиев се против тоа Северна Македонија да биде фактор на стабилност во регионот и сигурен партнер во НАТО и ЕУ.
Инаку, во собраниска процедура се измените и дополнувањата на девата закони поврзани со деловите од автопатиштата што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.