(ВИДЕО) Секој автомобил има чеп на вратата, дали некогаш сте го користеле?

Водата што се акумулира во вратата на автомобилот по силен дожд или миење може да се исцеди надвор, за да не рѓосува внатрешноста на вратата.
Видеата од луѓе кои го отвораат малиот чеп на долната страна од внатрешната страна на вратата на автомобилот брзо станаа вирални, кога повеќето луѓе сфатија дека не ни знаеле дека постојат.
„Не ми се верува дека ова го гледам првпат во животот“, е еден од коментарите на видеото.
Имено, по силен дожд или миење на автомобилот, внатре во вратата се акумулира вода која можете да ја исцедите низ споменатата дупка.

 

Освен вода, внатре може да се акумулира и прашина и нечистотија, па затоа се препорачува понекогаш да проверувате дали нешто е заглавено во вратата и не дозволува водата да излезе низ отворот.
Слични одводи се наоѓаат и под шофершајбната и багажникот.
Фото: Принтскрин/TikTok