Првиот вицепремиер Артан Груби денеска беше дел од средбата со американската делегација предводена од Џејмс Рубин.
Во фокусот на разговорот беше борбата против дезинформациите кои ѝ штетат на демократијата и националната безбедност ширум светот, како и можноста за соработка за соочување со заканите во информативниот простор низ целиот Западен Балкан, напиша Груби по средбата.
Целосната објава:
,,Денес, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и колеги министри, остваривме средба со американската делегација предводена од специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот на САД, г-дин Џејмс Рубин, придружуван од амбасадорката г-ѓа Ангела Агелер.
Во фокусот на разговорот беше борбата против дезинформациите кои им штетат на демократијата и националната безбедност ширум светот, како и можноста за соработка во соочувањето со заканите во информативниот простор низ целиот Западен Балкан.
Нагласив дека Владата сè повеќе презема разни стратегии за справување со штетното влијание од дезинформациите кои влијаат негативно врз граѓаните, а во исто време ги нарушуваат слободата и демократијата на државата.” напиша Груби на својот фб профил.