„Предложените законски решенија во Собранието за коридорите 8 и 10Д ќе го скратат времето на завршување на овој проект, и ќе ја чини државата поевтино“, рече првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на брифинг со новинарите во врска со автопатите на овие коридори. Многу прашина се крена во последен период за компаниите „Бехтел и Енка“, а опозицијата обвинува дека автопатиштата ќе ја чинад државата многу поскапо.
„На трасата што е предложена има физибилити студија од фирма која е одбрана од градежен факултет и таму се гледа колку од земјиштето е приватно, а колку државно. Законските решенија се за ескпропијација, а ќе се забрза постапката и ќе се намали цената“, рече Груби.
Тој објасни зошто договорот не се објавува јавно. „Договорот е класифициран и не се објавува никаде. Ова е барање на „Бехтел и Енка“ кои не ги објавуваат договорите“, рече Груби.