Почина ѕвездата на Netflix, 26-годишната актерка пронадејна мртва во својот дом

Јужнокорејската актерка и модел Јунг Чае-јул е пронајдена мртва во својот дом. Таа имаше само 26 години. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината агенција „Менаџмент С.“

„Мораме да ви ја соопштиме тажната вест која ни го крши срцето. Чае-јул не напушти на 11 април“, изјавија од агенцијата за корејската веб-страница „МК њуз“. Причината за смртта сѐ уште не е позната.

Актерката се прослави со улогата во серијата „Zombie Detective“ на Netflix, како и во остваруњата „I Have Not Done My Best“ и „Deep“.

Таа требаше да глуми во долгоочекуваната корејска драма „Wedding Impossible“.

Чае-јул пред три дена на Инстаграм објави црно-бела фотографија на која се гледа како седи на подот со слушалки на ушите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

По веста за смртта на Јунг Чае-јул, многу обожаватели на социјалните мрежи објавија:

„Ангел“, „Почивај во мир, прекрасна душо“, „Толку сум тажна“, се само дел од коментарите под нејзината последна објава.