Согласно договорот, „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно почнувајќи од 23 април. Компанијата „Визер“, пак, за новите четири дестинации ќе лета три пати неделно од 1 ноември годинава.
Министерот за транспорт и врски нагласи дека финансиската помош за овие компании ќе биде исплаќана во текот на оваа и наредните две години, односно до 2025 година. Додаде дека за оваа намена Министерството веќе има предвидено 1,1 милион евра од буџетот за оваа година, а дека за тригодишната програма ќе бидат потребни 5 милиони евра.
Од Меѓународниот аеродром Скопје годинава ќе може да се лета на нови пет дестинации.
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ и унгарската „Визер“ воведуваат пет нови авиолинии со финансиска поддршка од Владата. „Луфтханза“ ќе воведе една авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Визер“ четири – од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцубург и до Љубљана.
Ова на денешната прес-конференција го изјавија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, нагласувајќи дека јавниот повик за субвенции за нови авиолинии е успешно завршен.
„Барања за воведување на нови авиолинии и финансиска поддршка доставија две реномирани компании – ‘Луфтханза’ и ‘Визер’. Стручната комисија задолжена за спроведување на јавниот повик изврши евалуација на доставените понуди и донесе заклучок за склучување договор со овие две авиокомпании за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии“,рече Бочварски.
Согласно договорот, „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно почнувајќи од 23 април. Компанијата „Визер“, пак, за новите четири дестинации ќе лета три пати неделно од 1 ноември годинава.
Министерот за транспорт и врски нагласи дека финансиската помош за овие компании ќе биде исплаќана во текот на оваа и наредните две години, односно до 2025 година. Додаде дека за оваа намена Министерството веќе има предвидено 1,1 милион евра од буџетот за оваа година, а дека за тригодишната програма ќе бидат потребни 5 милиони евра.
„Во однос на финансиската поддршка, таа ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје“,додаде Бочварски.
По завршувањето на субвенциите во овие три години, како што додаде министерот, овие авиопревозници ќе имаат обврска да оперираат на истите дестинации за периодот за кој ја добивале финансиската помош, односно за уште три години. Во спротивно, како што нагласи, компаниите ќе бидат должни да го вратат целиот износ што го добиле како финансиска поддршка од Владата.