Сите политички партии на Албанците на власт и опозиција да се приклучат на „Фронтот за Европа“, вели поранешниот пратеник и познавач на политичките случувања во земјава, Зуди Џелили.
Според него, сите проевропски сили треба да ги заобиколат антиевропските и проруските струи.
– Што се однесува до Албанците воопшто, нивната цел е прозападната ориентација. Сите политички партии на Албанците во Северна Македонија се свесни за волјата на својот електорат, така што нивниот концепт бил и ќе остане европска ориентација на земјата. Секое отстапување од овој пат за која било политичка партија би било крај на нивното постоење. Затоа, политичките партии на Албанците мора да дејствуваат како единство кога е во прашање „Фронтот за Европа“. Додека ВМРО, ако не се одрази, ќе биде на погрешената страна, моментот и околностите на дејствувањето не одат во прилог на тргување со државните интереси, овие се моменти да се биде или не! Трета опција нема, па мора да најдат начин барем еднаш да придонесат за доброто на државата“, изјави Џелили за Indeks.mk
Коментирајќи ги противeњата на Левица за уставните измени, а со тоа и на евроинтеграцискиот пат на земјава, како и за Коридорот 8, Џелили вели дека не вреди да се губи време со нив, бидејќи, како што вели, се наоѓаат во групата на ултра националистички партии. /indeks.mk/