Променливо облачно со повремен пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.