Груби за Велигден: повеќе хуманост, толеранција и почитување еден кон друг

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби упати честитка до православните верници по повод празникот Велигден.

Груби во својата честитка на социјалната мрежа Фејсбук пишува дека празничните денови треба да бидат моменти на размислување за добри дела, повеќе хуманост, толеранција и почитување еден кон друг.

Целосната објава:

,,Почитувани православни верници

Со желба во вашите семејства да имате секогаш мир, здравје и благосостојба, ви го честитам празникот Велигден.

Денешниот ден нека биде осветлувачки зрак за духовно воздигнување и потсетник на тежината на добрите дела, момент кој ќе ги зацврсти чувствата на хуманост, почит, толеранција и разбирање еден кон друг.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=777821417040712&id=100044385821029&mibextid=Nif5oz

Среќен Велигден!”