Колку јајца смееме да јадеме за време на велигденските празници?

По долгиот пост за Велигден треба да се внимава со храната, бидејќи често доаѓа до прејадување, мачнини, па дури и труење, и не е исклучено некој да заврши во болница. Сите кои постеле едвај чекаат да вкусат јајца, месо, салати и масна храна, а најчесто и се случува да се прејадат и да си создадат здравствен проблем.

Особено треба да се внимава со јајцата кои се симбол на Велигден, па овој неработен ден немојте да претерате со нив. Изедете едно до две јајца најмногу, а внимавајте и со масната храна и пиењето, за да не му направите шок на организмот.

Јајцата имаат холестерол и ако се консумираат во големи количества, предизвикуваат затнување на артериите. Едно големо јајце содржи 186 mg холестерол. Иако е идеална доза за еден ден, на секој човек му требаат максимум 300 mg холестерол. Односно, со максимум 2 јајца ја добиваат оваа доза.

Дигестивните проблеми, исто така, може да бидат несакан ефект од јадењето премногу јајца. Симптомите на прејадување вклучуваат надуеност, грчеви во стомакот, гадење и повраќање.

Значајни несакани ефекти се јавуваат при консумирањето на 3-4 јајца дневно. Има големи шанси да предизвика срцеви заболувања и отпорност на инсулин.

Како да го дозирате оброкот по постот?

Немојте да си дозволите цел ден да гладувате, во исчекување на обилниот велигденски ручек. Не прескокнувајте оброци за да се „чувате” за богатата трпеза. Долгото гладување во текот на денот ќе предизвика непотребно прејадување, а поголемо количество храна предизвикува отекување на желудникот, премаленост и поспаност.

По велигденските пости, оброкот почнете го со супа, приготвена со помалку сол и со лимонов сок или со сок од домати. Супата ќе поттикне освежување на целиот организам.

Потоа изберете помала чинија и до половина наполнете ја со свежа салата. Консумирајте свежи салати од рен, цвекло, морков, зелка и зелена салата. Втората половина на чинијата поделете ја на две четвртини. Едната четвртина треба да содржи месо, риба или јајца, додека втората треба да биде составена од ориз, грав, тестенини или парче леб.

Избирајте јадења од свеж или обарен зеленчук, риба, посно месо, морски плодови, салати без мајонез, ориз, сирење и млечни производи со низок процент млечна маст. Можете да се почестите и со печено прасе, но нека биде парче од бут од кое сте ги отстраниле маснотиите и кожичката.

За десерт изберете овошно колаче, пудинг или желе, а може и некој кекс.

Само еднаш наполнете ја чинијата.

Кога ќе го завршите оброкот, оддалечете се од масата и почнете да разговарате со пријателите за да не мислите повеќе на храна. Набргу ќе се почувствувате сити.