Бесплатен влез во сите македонски музеи по повод Светскиот ден на културното наследство

  • Во вторник (18 април) влезот во сите музеи и локалитети низ Македонија ќе биде бесплатен во чест на Светскиот ден на културното наследство.
  • Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година. Од тогаш 18 април е ден на прославување и промоција на културното наследство, и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет, за неговата важност и за потребата за негова конзервација.