Денис доби протеза, собрани 12 илјади евра – хуманите луѓе за 5 дена ги собраа средствата

За пет дена се собраа потребните средства за купување на протеза за Денис Селко, која чини 12 илјади евра.

По објавувањето на веста од ТВ21, хуманите луѓе без престан му помагаа на Денис кој откако беше прегазен од автомобил останал без едната нога.

Акцијата за собирање на пари ја организираше добротворно здружение од Струга.

ШКЕЛЗЕН АЈРУАЛИ, ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ СТРУГА

„Иако станува збор за голема сума, за вакви случаи како на Денис кој е вреден човек, кој доаѓа од семејство на работници, кој во животот се соочи со многу тешкотии, не беше толку тешко да се соберат потребните пари. Имаме мрежа на донатори кои веруваат многу во нашата работа и секогаш се спремни да им помагаат на тие кои имаат потреба.“, рече Шкелзен Ајруали од Добротворното здружение Струга.

Денис се наоѓа во болница за да ја стави протезата. Тој преку порака испратена до ТВ21 им се заблагодарува на сите хумани луѓе кои донирале пари за протезата.

„Многу сум ви благодарен и на вас како медиум и на сите хумани луѓе бидејќи за толку кратко време се собра парите и јас ќе ставам протеза и ќе се вратам во секојдневието. Немам зборови за да ја опишам радоста, се надева и посакувам што поскоро на сите да ви вратам со добро за сето тоа што го направивте за мене.“, рече Денис Селко.

27 годишниот Денис Селко во август минатата година работејќи во Подградец бил прегазен од автомобил а шоферот избегал од местото на несреќата. Поради големо крварење Денис ја загубил ногата а неговата единствена надеж за да се врати во секојдневието беше протезата која не можеше сам да ја плати.

/tv21/