Сообраќајна несреќа кај Крагуевац – автобус проби заштитна ограда, шоферот добил инфаркт, за среќа нема повредени

Автобус со ученици ја проби заштитната ограда на автопатот Белград – Ниш. Според неофицијалните информации, причина за несреќата е инфаркт на возачот на автобусот.

Ниту еден од учениците и професорите во автобусот, според српските медиуми, за среќа не е повреден.

Учениците се дел од гимназија во Ниш кои се враќале од екскурзија во Шпанија.