Оној што ја има мувата под капата, кој созреал со коруптивни проекти, и корупцијата е негов препознатлив имиџ, си мисли дека и другите го прават истото! Заборавајќи притоа дека оваа тема секогаш може да се отвори кога ќе се најдат можни прекршувања, а не со фрлање сомнеж, да се поткопува проектот уште пред да започне!
Често ги споредуваме постапките на властите, за да покажеме дека го прават истото што го правеле претходните. На прв поглед и во принцип се чини дека е така. Затоа што гарнитурите на власт што се менуваат, страдаат од недостаток на идеи и честопати не одат подалеку од оние што биле порано, имитирајќи се едни со други.
Но, не е секогаш така. Ако ги земате последните случувања кај нас, каде што се крева прашина поради сомнеж што опозицијата фрла врз еден проект, пристапот се менува. Зошто? Бидејќи тој проект (изградбата на Коридорите 8 и 10Д) несомнено е од национален интерес, не е политички туку инфраструктурен проект, не е од корист на една влада, туку на едно општество и на цела држава и да се поткопува од почетокот, е да се работи директно против општиот интерес. Ова треба да го знаат тие што се противат.
„Сламката“ за спасување на образот на која опозицијата се фаќа за да го оправда априори своето противење на вака значаен проект, е да се фабрикува сомнеж дека зад договорот со конзорциумот Бахтел Енка се крие корупција. Потоа се оди подалеку да се пронајдат влакненца во јајце кај законските услови под кои ќе работат работниците или во фактот дека божем трасата низ која ќе поминува патот има археолошки локалитети. Ова последното треба да се нагласи како индикативно, затоа што мора да се запрашаме како овие локалитети до сега не се наоѓаа на патиштата што ги изгради претходната власт, а сега ќе никнат како печурки по дождот со оваа власт!?
Има разлики, затоа што тој што ја има мувата под капата, кој зреел и созреал ни коруптивни проекти, кому корупцијата му стана препознатлив имиџ (да се потсетиме само на тој „илустративен“ тлефонски разговор помеѓу поранешниот премиер во егзил и неговиот поранешен министер кој зборуваа за провизии: „Миле, да не се премногу 5 проценти?!“), си мисли дека и другите го прават истото! Заборавајќи дека оваа тема секогаш може да се отвори кога ќе се најдат потенцијални прекршувања, а не со сомнежи да се поткопува уште пред да започне!
Има и друга димензија, а тоа е етничката, за што ВМРО-ДПМНЕ е позната по тоа да ги создава, но зад која се престројуваат и други профитерски партии, и најголем сомнеж во нивното поимање на нештата е дека на чело на таков проект е еден министер Албанец , во случајов првиот вицепремиер Артан Груби. ОК е, но чело на ваков амбициозен проект Албанец, никако! Ама ова ја завиткуваат со „обланда“, дека божем не е тоа во прашање, туку зошто зад сето тоа стоело корупцијата.
Најдобриот одговор овие хронични сомневачи си го добија од самата Влада, со тоа што Договорот со Бахтел Енка го однесе во Обвинителство, ако има нешто сомнително, да си покрене процедури, а не да се стави на јавна лицитација за секој да каже што ќе му текне. Самиот премиер Ковачевски ѝ објасни на јавноста дека договорот има над 400 страници, каде што се дефинирани сите обврски и на државата и на изведувачот на градежните работи и дека неговата „тајност“ се должи на техниките на имплементација и поради конкуренцијата, нешто што е нормална процедура за чување на деловните тајни.
Ова е едната страна на медалјонот. Од друга страна, има вистина во тоа што ја кажуваат високите достоинственици во државата, дека во ВМРО има несовпаѓање меѓу зборовите и постапките. Премиерот Ковачевски потсети само на еден детаљ од минатото на ВМРО, противењето за влез во НАТО, што е од витален интерес за Македонија. На ова може да се додадат и опструкциите на оваа партија за спроведување на Охридскиот договор, од гласањето на уставните амандмани до практичната имплементација. Овој договор беше и од витален интерес за земјата, бидејќи затвори многу отворени прашања и обезбеди меѓуетничка хармонија. А кога станува збор за овој договор, ВМРО и Мицкоски сè уште не го оставаат на раат, и претпочитаат да се вратат назад, дури и да бараат негова ревизија во некои точки кои се основа на етничката рамноправност!
Вака не се прави политика во интерес на општеството.
/indeks.mk/