Малолетен деликвент од Хрватска им избегал на полицајците кои го придружувале на погреб, поради кој бил пуштен од воспитно-поправен дом, јави „Индекс“.
Престапникот, кој вчера избегал во Риека, сѐ уште не е вратен во Воспитно-поправниот дом. Кога пристигнал на гробиштата, тинејџерот излегол од возилото и веднаш почнал да бега.
Затворските полицајци успеале да го фатат, но тие раскажуваат дека биле опколени од непознати луѓе кои прво вербално, а потоа и физички ги нападнале. Напаѓачите ги собориле на земја, при што малолетниот деликвент успеал да избега, тврдат полицајците.
Министерството денеска одговори дека управителот на воспитно-поправната установа веднаш го пријавил бегството на малолетникот во полициско одделение за да се преземат мерки и да се утврдат фактите поврзани со инцидентот.