(ФОТО) Столтенберг во ненајавена посета на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е во прва посета на Киjив од почетокот на руската инвазија на Украина за да покаже поддршка за земјата додека се подготвува за контраофанзива.

Столтенберг утрово пристигна во ненајавена посета на Кијив и се очекува подоцна да има средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, пренесува „Кијив индепендент“.

Фото: The Kyiv Independent

Генералниот секретар утрово го посети споменикот изграден во чест на загинатите украински војници во досегашните борби и ја разгледа оштетената руска воена опрема изложена на централниот плоштад во Кијив.