Со свечена церемонија беше означен почетокот на заедничката операција ФРОНТЕКС во Северна Македонија.
Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, кој беше присутен на денешниот настан, преку статус на својата официјална Фејсбук страница напиша дека Северна Македонија веќе има поголема оперативна гранична поддршка.
Груби понатаму најави дека заедничката операција со ФРОНТЕКС ќе трае до 24 јануари 2024 година.
Целосната објава:
,,Заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик министерот Назим Буши, извршниот директор на ФРОНТЕКС, Ханс Лајтенс, евроамбасадорот Дејвид Гир и пратеничката на Европскиот парламент, г. Лена Дипон, свечено го означивме почетокот на имплементацијата на договорот за заедничка операција со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС.
Нашата земја од денеска ќе има голема оперативна поддршка во спречувањето и откривањето на меѓуграничниот криминал. Оваа соработка е извонредна можност за зајакнување на државните механизми во борбата против криминалот и корупцијата.
Европската поддршка на нашите оперативните капацитети преку ФРОНТЕКС ќе трае до 24 јануари 2024 година со можност за продолжување на соработката.’’