Десет членови на исто семејство се убиени во напад на нивниот дом во Јужна Африка. Напаѓачите се претставиле како полицајци, упаднале во домот и извршиле масакр.
Седум жени и тројца мажи беа убиени кога нивниот дом во близина на градот Питермарицбург беше нападнат од заседа денес рано наутро.
Полицискиот министер Беки Целе изјави дека двајца осомничени се уапсени, едниот е застрелан, а другиот се уште е во бегство. Мотивот е нејасен.
Полицијата прво била известена за пукањето откако соседите слушнале истрели. Една од жртвите имала само 13 години.
Јужна Африка има една од највисоките стапки на убиства во светот.