Сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 23.4.2023

Вториот ден од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на некои места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со слаб југозападен ветер.

Информации од ова утро: 22.4.2023

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

1 Берово, 2 Лазарополе, Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Скопје-Петровец, Крушево, 6 Штип, Тетово, Крива Паланка, 7 Охрид, Струмица, Демир Капија, Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Куманово, Виница, 10 Прилеп, Гевгелија, 12 Дојран.