На француската полиција и е дозволено да користи беспилотни летала опремени со камера за широк спектар на задачи, вклучително и следење масовни собири и гранична контрола.
Новата регулатива им дозволува на полицијата, царината или армијата да користат беспилотни летала за да спречат напади врз луѓе или имот, да создаваат безбедност за собири на јавни места, како и да го одржуваат или обновуваат јавниот ред кога е веројатно дека собирите сериозно ќе го нарушат јавниот ред и мир, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.
Беспилотните летала може да се користат и за спречување терористички напади, регулирање на транспортните текови, граничен надзор и спасување луѓе, се вели во декретот.
Уредбата детално и во пракса го спроведува законот за безбедност донесен во парламентот минатата година.
Француската организација за заштита на приватноста на податоците CNIL во март побара да се објави детална политика за користење, вклучувајќи информации за заинтересираната јавност за употребата на дронови.
Уредбата за овие овластувања на полицијата деновиве е објавена во Службен весник.
Ова доаѓа некаде по повеќе од една година пред Олимпијадата во Париз и во време кога има масовни протести против пензиската реформа предложена од претседателот Емануел Макрон.