Утрово Банија, Хрватска беше погодена од умерен земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Корисниците на EMSC известуваат дека земјотресот најсилно се почувствувал во Петриња, Глина и Сисак.
„Силен татнеж и чкрипење неколку секунди. Добро стресе. Во Петриња многу силно татнеше цела куќа. Скокнавме од креветот, многу татнеше и се нишаше”, се само дел од коментарите.