Во установите за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/центри за ран детски развој во 2022 година се регистрирани 35.932 деца, што e зголемување од 14.8 % во однос на 2021 година, пресмета Државниот завод за статистика.
Со годишните извештаи во 2022 година се опфатени 113 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 8.7 % повеќе во однос на 2021.
Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата на возраст до шест години во согласност со нивните развојни потреби, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до две години, групи на деца во развоен период од две години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност) и други групи (за престој и исхрана)