Aртета знае кај бил најголемиот проблем на Арсенал против Саутемптон


Што не чека викендов!? Натпревари, да се биде или не за екипите! ↓↓↓


Tимот на Арсенал вчера одигра 3:3 против Саутемптон во натпревар во кој се спасуваше од пораз во самиот финиш.

Саутемптон имаше предност од 1:3, а Арсенал со два гола во последните минути дојде до изедначување. „Топџиите“ можеа и до комплетен пресврт, но ја погодија само пречката.

Во изјавата по натпреварот, Артета откри и кој бил најголемиот проблем на неговиот тим.

„Не можеш да си дозволиш да примиш три гола во оваа лига, ако тоа се случи како денес многу е тешко да победиш. Имаме одличен тим и ги сакам моите фудбалери. Мораме да се поправиме во одбраната“, изјави Артета.

Арсенал се уште е лидер на табелата со пет бода повеќе, но Манчестер Сити има два натпревари помалку, па ако слави ќе го преземе лидерското место.