Активисти за заштита на животната средина го блокираа сообраќајот во Берлин

– Сообраќајот беше блокиран на околу 30 места во градот каде што активистите или се залепија на патиштата или се собираа во групи на улиците, се вели во соопштението на полицијата.

Како што дополнително беше соопштено, над 500 припадници на полицијата излегле на терен и ќе се обидат да го одблокираат сообраќајот.