(Видео) Груби: Мицкоски ги пушти низ вода уставобранителите, Груевски и останатите екс-функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски бараше амнестија само за Димитар Димовски, Игор Јанушев и Дејан Митевски, никогаш не побара слобода за осудените од 27 април, вели во денешната епизода на “МРЕЖА” првиот вице-премиер Артан Груби.

– Јас немам влијание во судство и обвинителство но Мицкоски има пројавено голем интерес за Димитар Димовски, за еден друг бизнисмен, исто така за Јануш, за нив беше загрижен. Истото го немаше и за другите кои си имаат судски постапки почнувајќи од поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ па се до послениот кој е во судска постапка и тоа ми е малку изненадувачки, но се надвеам тие си ги знаат внатре во ВМРО-ДПМНЕ какви им се односите.

Знам дека имаше истакнат интерес да им се помогне на тие лица кои ги кажав, посебно на првите што ги кажав, вели Груби.

facebook