Првиот вицепремиер, Артан Груби во емисијата „Мрежа“ на Инфомакс тврди дека Владата добила бланко поддршка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се потпише договор со Бехтел и Енка и да се градат коридорите 8 и 10д.
Груби, вели дека опозицијата имала свое место во тимот кој го преговарал договорот со Бехтел и Енка, но одбиле да учествуваат.
Христијан Мицкоски му посочи на Груби дека Владата добила бланко поддршка со гласањето во Собранието за специјалниот закон за Бехтел и Енка и немало никаква потреба понатаму да партиципира во процесот.