Говорејќи за договорот со гигантот „Бехтел и Енка“ и изградбата на Коридорите 8 и 10 Д, кој според првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, се најважниот проект за државата од нејзиното осамостојување, не е само поставување на камен-темелник со лопати од цемент.
Груби вели дека работите за Коридорот 8 се започнати и се анализира и планира каде ќе минува трасата. Груби истакна дека работите на автопатот ќе започнат кога ќе се формира тимот со потребните луѓе, квалификувани и продуктивни работници.
„Работниот процес што го има “Бехтел и Енка” не е само поставување на камен-темелник со лопати со цемент, туку се анализира градежниот пазар во земјава, се собираат градежни работници, се планира трасата каде ќе поминуват Коридоротите итн… Значи, работите за Коридорот почнаа, подготвителната фаза, но работите на патот ќе почнат кога ќе се формира тимот со потребните луѓе, квалификувани и продуктивни работници“, изјави Груби.