Во вечерашното гостување во емисијата ” Клан Дебата” на ТВ Клан Македонија, првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби истакна дека изградбата на Коридорот 8 и 10д не е проект само за Албанците. „Тоа не е проект само за Албанците, автопатот нема да го користат само Албанците, ќе го користат сите Македонци, Турци, Роми, Власи, Срби и туристи кои доаѓаат од сите земји и ќе циркулира по тој пат. Патиштата обединуваат луѓе, обединуваат семејства, обединуваат нации, обединуваат држави и не се ексклузивни, значи болница што се гради не е болница само за Албанци или само за Македонци, пат или училиште или што и да е, сите објекти и проектите се за општо добро на сите граѓани…“ Исто така, појасни дека воопшто немало дискусија со локални компании за преземање на целиот проект на Коридорот 8. ” Во изминатиот период видовме дека капацитетот на локалните компании со некои многу мали исклучоци е невозможен за ваква реализација за 57 месеци. 110 километри автопат, просечната изградба на автопати кај нас е од 5 до 6 километри максимум годишно, Бехтел ќе гради меѓу 22 и 25 километри годишно, односно четири пати повеќе чини изградба на автопати во текот на годината… “, истакна Груби.