Говорејќи за изградбата на Коридорот 8 и договорот со гигантот „Бехтел и Енка“, Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во вечерашното интервју во ТВ Клан Македонија истакна дека договорот не може да се објави бидејќи според него, никој не би сакал да ја открие формулата.
Според Груби, засега ништо нема да се објавува, работата на компанијата ќе ја видат граѓаните.
Исто така, додаде дека договорот е потпишан согласно важечките закони кои се во сила.
„Од документите со “Бехтел и Енка” не може да се објават делови од договорот, ова е дел од договорот, ова е дел од успехот на таа компанија, бидејќи формулата за успех не е дадена. Оваа компанија има работено низ целиот свет и многу нивни договори не се објавени бидејќи е зачувана тајноста на нивната професионалност. Засега нема ништо да се објавува, работата на компанијата ќе ја видат граѓаните. Договорот е потпишан согласно важечките закони кои се во сила. Не се разговарало со локалните компании да го превземат целиот проект на Коридорот 8 бидејќи станува збор за голем проект, за кој тие немат доволно капацитет да го реализираат, бидејќи Бехтел гради 24-25 километри годишно, па има силен капацитет да го покрие целиот проект. Но, локални компании ќе бидат вклучени во проектот и покажаа интерес“, изјави Груби.