Според Mинистерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во прашање е безбедноста на Европа кога се говори за брзината и обемот на снабдување со оружје и муниција за поддршка на Украина.
„Безбедноста на Европа сега зависи од брзината и обемот на снабдување со оружје и муниција за поддршка на Украина во обновувањето на територијалниот интегритет и обезбедување на праведен мир“, изјави шефот на украинската дипломатија пред Советот на министри за надворешни работи на ЕУ.
Според Кулеба, поразот на русија е гаранција за нормален живот за Европа и дека не постои поважна задача од постигнување на таа цел.
„Поразот на русија е гаранција за нормален живот за Европа. Сега не постои поважна задача. За да го постигне тоа, на Украина ѝ треба повеќе оружје и муниција и сето тоа мора да биде доставено што е можно поскоро“, рече министерот Кулеба.
Тој нагласи дека страната која има подобра логистика и залихи има поголеми шанси да ја добие војната. Тој ги повика европските колеги да го забрзаат снабдувањето и да обезбедат одлучувачка предност на Украина во однос на русија на бојното поле.
„Имаме заедничка стратешка цел: да обезбедиме мир во Европа за идните генерации. Оваа цел сега зависи од брзината на вашите одлуки и нивното спроведување. Ајде да ги отстраниме сите ѕидови од хартија. Да ги надминеме сите процедурални пречки. Да го забрзаме секој процес. Да ги елиминираме сите одложувања на патот помеѓу одлуката за обезбедување оружје и нивното пристигнување на границата со Украина“, нагласи украинскиот шеф на дипломатијата.
Министерот ги наведе краткорочните, среднорочните и долгорочните воени потреби и повика во најкратки можни термини да се обезбеди Украина со повеќе оклопни возила, тенкови и артилериски системи, артилерија со долг дострел и муниција.
Понатаму, важно е што поскоро да се зајакне воздушната и ракетната одбрана на Украина и да се интегрира со соседните земји на ЕУ, како и неодложно да започне обуката на украинските пилоти за F-16 и да се овозможи обезбедување на борбени авиони од западно производство на Украина.
На среднорочни патеки, за Украина е неопходно да се зголеми пропусниот капацитет на центрите за логистика и поправка, да се продолжат и прошират програмите за обука на украинските војници, да се покријат потребите за муниција, како резултат на зголемениот обем на производство.
Долгорочната перспектива од неколку години, според шефот на МНР на Украина се состои во фокусирање на развојот на заедничка одбранбена политика, која ќе ја вклучи Украина како интегрална компонента.
Џ. Д.