Луксузни 400 квадратни метри веднаш на плажа, на брегот на Мајами, базен во дворот, шест спални соби, шест бањи и 2.000 долари месечно само за одржување на имотот.
Вака изгледа вилата на Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живојиновиќ во Мајами, изградена во 1950 година, која ја купиле во 2012 година. Сега ја огласија за продажба и за неа бараат вртоглави 16,9 милиони долари преку агенцијата „Сотби“, пишува „Њујорк пост“.
Околу нивната вила има многу луксузни куќи кои се во сопственост на јавни личности. Продажните агенти во огласот велат дека улицата на која се наоѓа вилата е една од најшармантните во градот, дека е идеална за ексклузивни забави и дека го има еден од најубавите погледи на океанот.
Исто така, гаражата за вкупно шест автомобили, исто така, е климатизирана, а на приватниот простор за закотвување може да се сместат јахти од десет метри.

Живојиновиќ и поп-фолк пејачката Лепа Брена ја купија вилата во 2012 година, а потоа решија да изградат нова, која беше завршена оваа година.
Живојиновиќ стигна до полуфиналето на Отвореното тениско првенство на Австралија во 1985 година и првенството Вимблдон во 1986 година, достигнувајќи го најдоброто рангирање во кариерата на 19. место во светот во октомври 1987 година.
Сепак, постои забуна за која недвижност станува збор. Имено, во Мајами преку „Сотби“ по таа цена се продава само вила во населбата Коконат-Гров во Мајами. Меѓутоа, „Јутарњи лист“ го контактирал продажниот агент, кој тврди дека не е истата куќа која била огласена на нивната веб-страница. Фотографиите кои ги објави „Њујорк“, кои можете да ги погледнете овде, се различни од фотографиите во другите медиуми, а Лепа Брена ретко објавуваше фотографии на својот инстаграм-профил.