Американската вселенска агенција НАСА сподели видео од Земјата снимено од вселената во 4К резолуција.
Нашата сина топка видена од вселената е навистина многу убава и предизвикува стравопочит кога се гледа од далечина од 400 километри, велат луѓето кои биле во орбитата.
Станува збор за видео направено висока резолуција од март минатата година до оваа година за време на експедициите 67 и 68 на Меѓународната вселенска станица.

Видеото им овозможува на сите да се почувствуваат како член на екипажот и да го гледаат светот како буквално поминува покрај нив.