Првиот вицепремиер Артан Груби денеска на конференцијата „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“ порача дека опозицијата фрлила една милијарда за стиропор и споменици, додека пак они со тие пари градат патишта.
„ВМРО денес стана медиум, новинар, експерт, истражител, полицаец, обвинител и судија. Драги мои, фрлија една милијарда на стиропор и на споменици, ние таа една милијарда градиме автопатишта да ги споиме нашите граѓани, нашите градови, нашите држави. Велеа има разлика, и навистина има разлика“, порача Груби.