Киднапиран поранешен фудбалер на Партизан!


Rating strangers at football in Skopje ! ⚽️🥅 ↓↓↓


Напаѓачот на Ал Итихад од Триполи, Мухамед Заби бил киднапиран во родната Либија.

Како што пренесуваат медиумите во оваа земја фудбалерот бил киднапиран од вооружената група, Гнева Ал-Какли пред неколку дена. Покрај него киднапиран бил и уметникот Асер Бахир, но тој во меѓувреме е пуштен.

Чичкото на фудбалерот ја потврди оваа вест.

„Многу пријатели ме прашуваат дали е вистинита за киднапирање на ѕвездата на Ал Итихад, Мохамед Заби..Да, не сме во контакт со него уште од четвртокот“, изјави тој.

Во текот на кариерата Заби играше и за Партизан во период од 2012 до 2013 година каде што постигна еден гол. Беше шампион во Србија и Туни, како и најдобар стрелец во Алжр. За Либија одигра 25 натпревари и постигна шест голови.