Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска беше учесник на месечното обраќање за актуелни прашања во организација на Стопанската комора на Северна Македонија на тема: „ Бехтел и Енка“, можности, предизвици,одговорности.
Груби исткна дека преку оваа активност се откриени сите детали и одговорени се сите прашања во врска со капиталниот проект Коридор 8 и 10-Д.
Исто така, Груби потенцира дека дека остануваат транспарентни, без разлика на обидите за оцрнување на овој проект од страна на одредени политички партии.
Целосна објава:
„Беше задоволство заедно со министрите Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Благој Бочварски и Јетон Шаќири, директорот Ејуп Рустеми, пратеникот Арбер Адеми и други претставници на релевантни институции да учествувам во форматот на дискусија насловен „Месечно обраќање за актуелни прашања“ на покана на Стопанската комора на Северна Македонија, со цел хронолошки да се разјаснат сите околности на реализација на Коридорот 8, најважниот инфраструктурен проект во историјата на државата.
Денешниот разговор со претставниците на бизнис секторот беше објективен одраз на важноста на Коридорот 8 за економскиот развој на земјата и неговото влијание врз домашните компании кај кои се очекува да завршат над 600 милиони евра од вкупната вредност на договорот.
Денес дадовме одговор и на сите дилеми создадени во јавноста за содржината на договорот со конзорциумот Bechtel & Enka и тенденциозните напори за оцрнување на проектот. Остануваме транспарентни и отворени за јавноста во секој чекор на реализација на проектот кој отвора нов хоризонт на развој на економијата на нашата држава.“, напиша Груби.