За помалку од осум часа, нејзината објава на социјалната мрежа Инстаграм добила повеќе од 1.3 милиони лајкови.
Селма Хаек објавила фотографија на Инстаграм и многумина прокоментирале дека може веднаш да оди на насловната страница на магазинот „Sport Illustrated Swimsuits“.
Во описот на фотографијата и видеото каде позира во бикини, ѕвездата напишала дека капењето во океанот ја регенерира.
Да ве потсетиме, Селма спаѓа во редот убавици кои не подлегнале на хируршки зафати за да го намалат стареењето.
Актерката не го гледа стареењето како проблем:
„За жените нема рок на употреба. Тоа едноставно е така. Можеш да бидеш прекрасна и да „растураш“ во било која доба од животот. Можеш да бидеш своја колку години и да имаш, можеш да сонуваш колку и години да имаш, можеш да станеш поромантична.
Имаме право да бидеме сакани поради тоа што сме, на местото на кое сме. Не сме тука само за да опслужуваме сè и секој од нас, а тогаш кога ќе дојдат децата… Тоа на жената ѝ е речиси како рок на употреба. Тоа е недоразбирање кое трае веќе со векови“, изјавила актерката во една прилика.