Груби на средба со Османи: Заедно мора да го забрзаме чекорот кон Европа!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби заедно со премиерот Димитар Ковачевски и други владини преставници, денеска во Владата на Република Северна Македонија ја пречекаа претседателката на Република Косово, г-ѓа Вјоса Османи.

Груби истакна дека во решавачките моменти за европската иднина на нашите земји, повеќе од важно е зајакнувањето на соработката и консолидирањето на нашите дејствија на патот кон реализација на реформите.

Целосна објава:

„Со високи државни почести во Собранието и во Владата, ја пречекавме денес претседателката на Република Косово, г-ѓа Вјоса Османи.

Во решавачките моменти за европската иднина на нашите земји, повеќе од важно е зајакнувањето на соработката и консолидирањето на нашите дејствија на патот кон реализација на реформите.

Го изразивме нашиот став и поддршка за успешно надминување на спорот помеѓу Косово и Србија преку дијалог и принципот на меѓусебно признавање, исто како што и Република Косово го поддржува нашиот процес на дијалог со Република Бугарија и усвојувањето на уставните измени.

Заедно мора да го забрзаме чекорот кон Европа!“, истакна Груби.