Покетино има вербален договор со Челзи


Rating strangers at football in Skopje ! ⚽️🥅 ↓↓↓


Маурисио Покетино најверојатно ќе биде следниот менаџер на Челзи, пренесуваат медиумите на Островот.

Аргентинецот пред два дена имал разговори со челниците на Челзи и според најавите постигнал вербален договор со „сините“.

Покетино во Премиерлигата претходно работеше во Саутемптон и Тотенхем, а потоа беше 18 месеци на кормилото на ПСЖ.

Тој не крие дека сака да се врати во Премиер лигата, па поради Челзи ги одбил другите понуди.

Челзи е во потрага по нов тренер, па се лецитираше со многу имиња, но Покетино го импресионирал сопственикот Боели.