(ВИДЕО) Бајден и Јун ја запеаја „American Pie“ во Белата куќа

Од дискусија за нуклеарна војна до појаснување на саканиот хит: Посетата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол во Белата куќа заврши со висока нота кога тој ја испеа „Аmerican Pie“, песна на Дон Меклин, по што следеше голем аплауз, пренесува „Гардијан“.

 

 

Јун е во шестдневна државна посета на Вашингтон, каде што разговараше со Џо Бајден за „крајот“ на секој севернокорејски режим што користел нуклеарно оружје против сојузниците.