Де Брујн пишува историја: Се израмни со Лампард во Премиер лигата!


Rating strangers at football in Skopje ! ⚽️🥅 ↓↓↓


Oд година во година Кевин Де Брујн станува се поголема легенда на Премиер лигата, а сезонава е пред освојување на трофејот со Манчестер Сити.

Својата класа Белгиецот ја покажа во вчерашниот одлучувачки натпревар против Арсенал во кој постигна два гола и му асистираше на Стоунс.

Со таа асистенција Де Брујн стана четврти најдобар асистент во историјата на Премиер лигата со 102 успешни асистенции.

На четвртото место Белгиецот се изедначи со Френк Лампард.

Пред Лампард и Де Брујн се само Гигс со 162, Фабрегас со 111 и Вејн Руни со 103.