На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, премиерот Димитар Ковачевски го поздрави претседателот на Левица, Димитар Апасиев, како лидер на опозицијата.
„А, еве дојде лидерот на опозицијата. Добар ден господине Апасиев“, му рече Ковачевски.
Премиерот водеше жестока дебата со опозициските пратеници за договорот од 1,3 милијарди евра со Бехтел и Енка за изградба на четири автопатски делници.
Ковачевски од говорницата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им рече дека „ќе биде премиер до 2028“.