Договорот со „Бехтел и Енка“, како и секој договор подразбира приватност и доверливост. Тоа го има секој договор потпишан меѓу која било влада со која било меѓународна голема мултинационална компанија, во кои одредени делови мора да бидат доверливи, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.Одговарајќи на пратеничко прашање на Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски посочи дека се работи за странски сериозни и реномирани компании и додаде дека ова е пракса и на другите договори кои тие ги практикувале и во други земји. Тие доверливи информации се однесуваат на технологијата на работа на секоја договорна страна, на начинот на нивните пресметки…, и тоа, како што нагласи, не е никаков криминал и корупција.Премиерот потенцира дека ова не прв ваков договор кај нас и додаде оти мора да се почитуваат деловните тајни на компаниите. – Но, тоа во никој случај не значи дека Владата крие нешто што е од интерес на јавноста и нешто што би имало некакви негативни ефекти врз граѓаните. Клучните елементи од договорот кои се од интерес за јавноста никогаш не биле тајна, како што е вредноста на договорот, начинот на реализација на договорот, како ќе се трошат парите на граѓаните, рече Ковачевски.